• сабота, 22 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Рома до крајот на сезоната без Дибала

Рома до крајот на сезоната без Дибала

 

Рим, 20 март 2025 (МИА) – Италијанскиот фудбалски прволигаш Рома објави попладнево дека неговиот напаѓач и аргентински репрезентативец Пауло Дибала (31) ќе го пропушти остатокот од оваа сезона поради операција на левиот бутен мускул.

„Играчот и клубот се договорија дека операцијата е најдобрата опција за целосно закрепнување“, објави Рома.

Аргентинскиот фудбалер преку социјалните мрежи најави дека ќе се врати уште посилен.

„Наскоро ќе се вратам уште посилен, тоа е ветување“, објави Дибала.

Оваа сезона Дибала постигна осум голови во сите натпреварувања, а неговата повреда доаѓа токму кога Рома е во фантастична форма.

Тимот кој д средината на ноември го презеде искусниот Клаудио Раниери победи на последните шест натпревари, нема пораз во последните 13 натпревари и се искачи од 15. на седмото место во Серија А. ег

ФОТО: ЕПА

Остани поврзан