• сабота, 21 декември 2024

Рома го ангажираше најдобриот стрелец во Ла Лига

Рома го ангажираше најдобриот стрелец во Ла Лига

Рим, 2 август 2024 (МИА) - Рома и официјално го објави трансферот на Артјом Довбик од Џирона.

„Волците“ за Украинецот ќе платат 30,5 милиони евра, а со сите бонуси сумата може да достигне максимални 38,5 милиони.

Пред само една година Џирона го привлече од Днипро-1 за 7,75 милиони. Довбик во една сезона во шпанската елита постигна 24 гола и запиша осум асистенции на 36 натпревари во првенството.

Претходно летото Атлетико Мадрид постигна договор со Џирона за трансфер на Украинецот, но самиот играч не сакаше да потпише бидејќи не се согласи со „јорганџиите“ со условите што му беа предложени.

Довбик во Рома ќе игра во дресот со број 11. Тој ќе биде првиот украински фудбалер во историјата на главниот град на Италија. дс

Фото: АС Рома

Остани поврзан