• вторник, 12 ноември 2024

Романски спасувачи трагаат по исчезнат екипаж откако брод потона во Црното Море

Романски спасувачи трагаат по исчезнат екипаж откако брод потона во Црното Море

Букурешт, 18 мај 2024 (МИА) - Романските спасувачки тимови денеска трагаа по тројца исчезнати членови на екипажот на товарен брод што потона во близина на брегот на Црното Море, соопштија поморските власти.

Тие рекоа дека биле информирани рано утрината дека бродот „Мохамад З“ под знаме на Танзанија потонал на 26 наутички милји од дунавското село Сфанту Џорџ.

Во потрагата и спасувањето биле вклучени Морнаричкиот центар за координација на спасување (МРЦЦ), граничната полиција и два блиски комерцијални брода.

На бродот се наоѓале 11 членови на екипажот, од кои девет сириски и двајца египетски државјани.

„Осуммина беа спасени од трговскиот брод „Мишел“, во координација со МРЦЦ-1. Потрагата по тројцата членови на екипажот, сите сириски државјани, продолжува, соопштија властите.

Надлежните истакнаа дека се уште не се познати причините поради кои бродот потонал. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан