• среда, 25 декември 2024

Романскиот претседател Јоханис ја прими наградата Карло Велики

Романскиот претседател Јоханис ја прими наградата Карло Велики
Ахен, 2 октомври 2021 (МИА) - Романскиот претседател Клаус Јоханис денеска во Ахен ја доби Меѓународната награда „Карло Велики“. Јоханис ја доби престижната награда како „градител на мостови помеѓу Источна и Западна Европа“. Наградата „Карло Велики“ се доделува на поединци или институции за нивниот придонес во европското единство. Во својот говор, претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел оддаде почит на „методичкиот и принципиелен пристап“ на добитникот на наградата. Романскиот претседател беше прогласен за победник уште во декември 2019 година, но церемонијата на доделување на наградата беше одложена речиси година и пол поради пандемијата на коронавирус. Претходните лауреати, исто така, ја примија наградата во Градското собрание во Ахен. Некои од претходните лауреати се германскиот социјалдемократски политичар и поранешен претседател на Европскиот парламент, Мартин Шулц, кој се кандидираше за германски канцелар во 2017 година, претседателот на Бундестагот, Волфганг Шојбле, поранешната претседателка на Литванија, Далиа Грибаускаите и првоизбраниот претседател на Европскиот совет, Херман ван Ромпуј. паг/  

Остани поврзан