• четврток, 26 декември 2024

Романскиот премиер Марсел Чолаку поднесе оставка од лидер на Социјалдемократската партија по изборниот пораз

Романскиот премиер Марсел Чолаку поднесе оставка од лидер на Социјалдемократската партија по изборниот пораз

Букурешт, 25 ноември 2024 (МИА) - Романскиот премиер Марсел Чолаку денеска објави дека ќе поднесе оставка од функцијата лидер на левичарската Социјалдемократска партија (ПСД), откако не успеа да влезе во вториот круг од претседателските избори.

Британските медиуми пренесуваат дека Чолаку ќе остане на функцијата премиер се до изборот на нов.

Претходно, поранешниот заменик генерален секретар на НАТО и независен кандидат на претседателските избори, Мирчеа Џоана, изјави дека ќе се повлече од активната политика по „изненадувачките и разочарувачките“ резултати во првиот круг од гласањето.

Десничарот Калин Ѓордеску и опозициската лидерка Елена Ласиони се пласираа во вториот круг од претседателските избори во Романија, покажуваат резултатите од првиот круг одржан во неделата врз основа на 99,9 отсто преброени гласачки ливчиња.

Ѓордеску освои 22,95 отсто од гласовите, а Ласкони 19,2 отсто, пренесоа британските медиуми.

Чолаку иако беше фаворит не успеа да се пласира во вториот круг на изборите и го освои само третото место со 19,16 отсто од гласовите.

Вториот круг од претседателските избори ќе се одржи на 8 декември.сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан