• вторник, 26 ноември 2024

Романската десница ја поддржува Ласкони за вториот круг од претседателските избори

Романската десница ја поддржува Ласкони за вториот круг од претседателските избори

Букурешт, 26 ноември 2024 (МИА) - Национално-либералната партија (НЛП) од Романија соопшти дека ќе ја поддржи десноцентристичката кандидатка Елена Ласкони на вториот круг од претседателските избори.

Ласкони, лидерка на опозициската партија „Сојуз за спас на Романија“, освои второ место со 19,18 отсто од гласовите, додека крајно десничарскиот Калин Георгеску обезбеди 22,94 отсто од гласовите.

Лидерите на владејачката коалиција, Социјалдемократската партија и НЛП, доживеаја историски пораз, не успевајќи да стигнат до вториот круг. Лидерите на двете партии поднесоа оставки. Новиот лидер на НЛП, Илие Боложан, изјави дека поддршката за Ласкони е проевропски избор.

Крајно десничарските партии, како „SOS Романија“, го поддржаа Георгеску, што според аналитичарите, може да им донесе значителен успех на претстојните парламентарни избори. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан