• понеделник, 18 ноември 2024

Романската владејачка коалиција ги договори датумите на изборите

Романската владејачка коалиција ги договори датумите на изборите

Букурешт, 4 јули 2024 (МИА) - Романската владејачка коалиција составена од леви социјалдемократи и централно-десничарски либерали денеска објави дека претседателските избори ќе се одржат на 24 ноември и 8 декември, додека парламентарните избори ќе се одржат на 1 декември.

Се очекува двете партии да продолжат да бидат во коалиција и по парламентарните избори, но најверојатно ќе предложат посебни кандидати за наследник на претседателот во заминување Клаус Јоханис.  

Тоа е втор и последен претседателски мандат за Јоханис, кој своевремено беше на чело на Либералната партија. паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан