• четврток, 19 декември 2024

Романската амбасадорка Адела Моника Аксинте во работна посета на Општина Берово

Романската амбасадорка Адела Моника Аксинте во работна посета на Општина Берово
Берово, 28 септември 2022 (МИА) - Зајакнување на соработката на економски план, унапредување на противпожарната заштита и други општествени сфери беше главната тема на разговор на градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски со романската амбасадорка во Северна Македонија, Адела Моника Аксинте и почесниот конзул на Романија, Алириза Османи.
Како што информираа од Општината на денешната попладневна средба, романската амбасадорка ја истакнала поддршката на Романија кон Северна Македонија, додавајќи дека е отворена за секаков вид соработка и дека ќе помогне во продлабочување на врските и збратимување на Берово со општина која е слична по карактеристики со Берово.
Во рамки на денешната средба, како што додаде Пекевски, реализирана е посета на Територијалната противпожарна единица во Берово.
-Споделивме искуства во справувањето со пожари и каде што беше истакната можноста за поддршка на Романија во унапредување на противпожарната заштита, додаде Пекевски. вс/дма/

Остани поврзан