• понеделник, 30 септември 2024

Романо: Манчестер сити се согласи да го продаде Алварез на Атлетико за 75 милиони евра

Романо: Манчестер сити се согласи да го продаде Алварез на Атлетико за 75 милиони евра

Манчестер, 6 август 2024 (МИА) - Манчестер сити се согласил за трансфер на напаѓачот Хулијан Алварез во Атлетико Мадрид, пренесува инсајдерот Фабрицио Романо.

Шпанскиот клуб понуди 75 милиони евра и 20 милиони бонуси за Аргентинецот. 

Сити ќе му дозволи на Алварез да оди во Атлетико Мадрид доколку се договори за личните услови.

Атлетико Мадрид му нуди на 24-годишниот напаѓач 5-годишен договор.

Алварез игра за Манчестер сити од јануари 2022 година. Во сезоната 2023/24, напаѓачот постигна 19 гола и направи 13 асистенции на 54 натпревари за тимот во сите натпреварувања. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан