• недела, 06 октомври 2024

Романот „Круг“ од Димитар Башевски објавен во Софија

Романот „Круг“ од Димитар Башевски објавен во Софија
Скопје, 8 јули 2020 (МИА) - Бугарската издавачка куќа „Персеј“ од Софија го објави романот „Круг“ од Димитар Башевски. Првото издание на овој роман кај нас е објавено во 2017 во издание на „Слово“, а второто издание го објави здавачкиот центар „ТРИ“ во 2018 година, со обемен поговор од академик Катица Ќулавкова. Во поговорот, Ќулавкова истакнува дека со романот „Круг“, Димитар Башевски создаде „роман интересен, драматичен, богат со содржини, стилски необичен, јазично складен, психолошки изнијансиран... “ Книгите на Башевски, освен на бугарски, досега се преведувани и објавувани и на англиски, чешки, романски, грчки, српски, турски, црногопрски и албански јазик. Тој е добитник на високите книжевни награди кај нас, вклучително и на награда за животно дело „Св. Климент Охридски“. мд/лв/
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан