• недела, 24 ноември 2024

Романија во 2022 година најверојатно ќе се откаже од вакцината на Астра Зенека

Романија во 2022 година најверојатно ќе се откаже од вакцината на Астра Зенека
Букурешт, 17 ноември 2021 (МИА) - Романскиот национален координатор за вакцинација против Ковид-19, Валериу Георгица синоќа изјави дека властите најверојатно ќе предложат стопирање  на вакцинацијата против Ковид-19 со Aстра Зенека на почетокот на следната година поради малиот број луѓе кои се подготвени да се вакцинираат со таа вакцината. Според Георгица, вакцините на Фајзер, на Модерна и на Џонсон Џонсон ќе продолжат да се аплицираат во државата. - На 31 октомври истече рокот на последната пратка од вакцината на Астра Зенека и таа беше повлечена од центрите за вакцинација. Известени се лицата кои имаа закажана вакцинација со овој препарат и очекуваме нова пратка за завршување на курсот за вакцинација, изјави Георгица. Според него во Романија неколку десетици лицата имаат закажана вакцинација со Астра Зенека. ми/

Остани поврзан