• петок, 27 декември 2024

„Ролинг стоунс“ слави 60 години постоење

„Ролинг стоунс“ слави 60 години постоење

Лос Анџелес, 13 јули 2022 (МИА) - Легендарниот британски рок-состав „Ролинг стоунс“, од обожавателите, критичари и медиуми постојано е нарекуван „најголемиот рок бенд на сите времиња“. Една од причините е нивната музичка автентичност... Имено, членовите се доволно „лабави“, а сплотени за да си дозволат и грешки, според интернет-страницата „Тонман“.

Бендот е основан на 12 јули 1962 година, и зад себе има 25 студиски албуми. Во постојан состав денес се Мик Џегер, Кит Ричардс и Рони Вуд, а во минатото тука членувале и покојните Џарли Вотс, Брајан Џонс, Бил Вајман, Мик Тејлор и Ијан Стјуарт. Групата, по повод одбележувањето 60 години од основањето на групата на 1 јуни ја отвори својата европска турнеја со настап во Мадрид.  си/

Остани поврзан