• петок, 27 декември 2024

Рок-списанието „Кју“, по 34 години постоење, престанува да се печати

Рок-списанието „Кју“, по 34 години постоење, престанува да се печати
Лос Анџелес, 21 јули 2020 (МИА) - Рок-списанието „Кју“ - „пионерот“ на рок-новинарството во Велика Британија, ќе престане со своето издавање по 34 години од своето постоење. Како што соопшти уредништвото, за тоа е виновна корона-кризата. „Пандемијата ни го направи тоа", напиша уредникот Тед Кеслер на својот Твитер-профил. Тој притоа објави и уредничко писмо за последното издание, кое излегува на 28 јули. Таму, тој вели дека мора да се извини оти не успеал да го одржи „Кју“. Тиражот на списанието падна на 28.000 продадени примероци месечно, во однос на 200.000 во 2001 година. Списанието „Кју“ е основано 1986 година, од Марк Елен и Дејвид Хепворт.  си/

Остани поврзан