• недела, 24 ноември 2024

Рокот за аплицирање за програмата „Клучна акција 1“ продолжен до 18 мај

Рокот за аплицирање за програмата „Клучна акција 1“ продолжен до 18 мај
Скопје, 11 мај 2021 (МИА) - Националната агенција за европски образовни програми и мобилност информира дека рокот за поднесување на апликации за Програмата Еразмус+ „Клучна акција 1“ се продолжува, наместо 11 мај 2021 година, сите заинтересирани ентитети своите апликации ќе можат да ги поднесат до 18 мај 2021 година во12 часот (пладне), бриселско време. Од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност посочуваат дека продолжувањето на рокот е поради технички проблем во системот за поднесување на апликации во Брисел. - Мобилностите во „Клучната акција 1“ создаваат можности за сите кои сакаат да ги подобрат своите вештини и да ја зголемат својата културна свест и размена на искуства. Проектите за учениците и професорите овозможуваат патување во друга програмска држава за учење, работа, предавања, да обучуваат или да развиваат професионални вештини, се вели во соопштението. Повеќе информации поврзани со апликациите и достапните буџети заинтересираните ќе можат да најдат на веб страната на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност.фф/ац/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан