• петок, 05 декември 2025

Розман: Македонија со Словенија и Србија ќе се кандидира за домаќин на ЕП во ракомет 2034

Розман: Македонија со Словенија и Србија ќе се кандидира за домаќин на ЕП во ракомет 2034

Љубљана, 19 јуни 2025 (МИА) - Претседателот на Ракометната федерација на Словенија, Бор Розман, најави дека неговата земја заедно со Македонија и со Србија се во преговори за поднесување заедничка кандидатура за организирање на Европското првенство во 2034 година.

Според првичните размислувања, Македонија би била домаќин на група во првата фаза, како и на натпреварите од вториот сегмент.

Словенците би организирале натпревари од двете фази, како и од полуфиналето, додека во Србија би се играла завршницата на шампионатот поради капацитетот на салата. зс/

Фото: МИА

Остани поврзан