• недела, 30 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Розети: Пеналот за Стерлинг постоеше, имаше контакт

Розети: Пеналот за Стерлинг постоеше, имаше контакт
Нион, 14 јули 2021 (МИА) - Претседателот на Комитетот за судии на УЕФА, Роберто Розети, зборуваше за спорниот момент при досудениот пенал за Рахим Стерлинг во полуфиналето на ЕВРО 2020 меѓу Англија и Данска (2:1 продолженија). - Можеме да разговараме за овој момент затоа што сме апсолутно отворени. Но, пеналот беше досуден правилно. Судијата го виде контактот, а системот на видео асистент на судијата само ја потврди неговата одлука. Дефанзивецот на Данска не ја допре топката, но имаше чист контакт со напаѓачот, истакна Розети. Натпреварот помеѓу Англија и Данска го судеше судиска екипа предводена од Дени Макели. зс/

Остани поврзан