• среда, 27 ноември 2024

Родри се надева дека ќе се врати на терените најдоцна во април

Родри се надева дека ќе се врати на терените најдоцна во април

Манчестер, 22 ноември 2024 (МИА) - Играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Родри се надева дека ќе се врати на терените во март или април следната година. Добитникот на „Златната топка“ се опоравува од повредата на коленото што ја заработи во септември.

-Ќе се обидам да се вратам во март или април, сакам да ја завршам сезоната. На лето имаме Лига на нации и Светско клупско првенство, па мислам дека можам да учествувам на нив, изјави Родри, цитиран од „Ел Ларгуеро“.

Родри минатата сезона забележа 50 настапи за Манчестер Сити, постигна 9 голови и 14 асистенции. Заедно со тимот го освои првенството на Англија и Светското клупско првенство. 

Како дел од шпанската репрезентација, фудбалерот стана европски шампион и беше прогласен за Најдобар играч на ЕП 2024 година. дс

Фото: Архива

Остани поврзан