• среда, 09 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Родриго ќе го пропушти Ел Класико

Родриго ќе го пропушти Ел Класико

Мадрид, 23 октомври 2024 (МИА) – Фудбалерот на Реал Мадрид, Родриго ќе го пропушти мечот на Реал Мадрид со Барселона поради повреда.

Крилниот напаѓач на Реал Мадрид ја повреди тетивата на синоќешниот натпревар со Борусија Дортмунд.

Реал победи со 5:2, а Родриго беше заменет во 85. минута.

Утре Бразилецот ќе биде подложен на магнетна резонанца за да се утврди точната дијагноза и времето за закрепнување.

Тој дефинитивно ќе го пропушти натпреварот со Барселона кој ќе се одигра на 26 октомври. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан