• сабота, 23 ноември 2024

Родригез пред трансфер во Лацио

Родригез пред трансфер во Лацио

Рим, 25 јули 2024 (МИА) - Супер агентот Жорже Мендеш го понуди Џејмс Родригез на Лацио, откако колумбискиот ветеран бара нов клуб.

Римјаните бараат засилување во напаѓачката линија откако не успеаја да го ангажираат Мејсон Гринвуд, кој се одлучи за Олимпик Марсеј.

Лацио веќе беше неверојатно активен во првиот месец од летниот преоден рок. На „Олимпико“ веќе пристигнаа Луум Чауна, Тијани Нослин, Фисајо Деле-Баширу, Гаетано Кастровили и Нуно Тавареш.

Триесет и три годишниот Хамес е достапен на слободен трансфер и бара двегодишен договор вреден околу 4 милиони евра по сезона, пишува „Фудбал Италија“. дс

Фото: Архива

Остани поврзан