• среда, 25 декември 2024

Родригез двоен стрелец, четири од четири за Евертон

Родригез двоен стрелец, четири од четири за Евертон
Ливерпул, 3 октомври 2020 (МИА) – Хамес Родригез беше двоен стрелец на денешниот дуел во Ливерпул на кој Евертон го совлада Брајтон со 4:2. За „карамелите“ ова е четврти триумф во четвртиот настап оваа сезона. Покрај Хамес, во листата на стрелците за домаќините се запишаа Јери Мина и Доминик Калверт-Лоин. Евертон е лидер на табелата со максимални 12 бода. На другиот денешен дуел завршен досега, Челзи го победи Кристал Палас со 4:0. Вечер играат: Лидс – Манчестер сити и Њукасл – Барнли. зс/

Остани поврзан