• петок, 21 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Родител нападнал психолог во средно училиште во Струга

Родител нападнал психолог во средно училиште во Струга

Струга, 15 март 2025 (МИА) - Родител на ученик во средното училиште „Нико Нестор“ во Струга го нападнала психологот во училиштето.

СВР Охрид денеска соопшти дека на 14 март во 14 часот и 30 минути во ОВР Струга било пријавено дека Р.Б. од Охрид во просторија на едно средно училиште во Струга, агресивно се однесувала кон вработена во училиштето и се обидела да ја нападне со тврди предмети. 

По целосно документирање на настанот, како што е наведено во соопштението, ќе биде поднесена соодветна пријава. сс/aa/

Фото: МИА архива

Остани поврзан