• четврток, 26 декември 2024

Роде: Нападите на НАТО не се причина за славење, беше морална обврска да се прекинат злосторствата на Милошевиќ

Роде: Нападите на НАТО не се причина за славење, беше морална обврска да се прекинат злосторствата на Милошевиќ

Приштина, 24 март 2024 (МИА) – Амбасадорот на Германија во Косово, Јорн Роде изјави дека датумот на почетокот на воздушните напади на НАТО врз воените и полициски цели на тогашна Сојузна Република Југославија, 24 март 1999 година, не е причина за славење, јави дописникот на МИА од Приштина.

По повод 25-годишнината од почетокот на воздушната кампања на Северноатлантската алијанса во Косово и СРЈ, Роде на платформата Х напиша дека е направено „она што беше неопходно“ за да се спречи „натамошното крвопролевање и злосторствата од страна на режимот“ на тогашниот срспки лидер, Слободан Милошевиќ.

Тој порача дека сојузот кој го изврши тогашниот напад врз српските сили останува на ставот дека таа одлука била исправна.

- Го направивме она што беше неопходно за да го спречиме натамошното крвопролевање и злосторствата од страна на режимот на Милошевиќ во Косово, откако дипломатијата не успеа. Тоа беше наша морална одговорност и остануваме на таа одлука, напиша Роде. иа/

Остани поврзан