• сабота, 23 ноември 2024

Роган потврди дека не се префрла на „Рамбл“

Роган потврди дека не се префрла на „Рамбл“
Лос Анџелес, 14 февруари 2022 (МИА) - На Џо Роган неодамна му беше понуден договор да ја пренесе својата популарна интернет-емисија на видеоплатформата „Рамбл“ (која инаку важи за десничарска). Крис Павловски, инаку канадски државјанин со македонско потекло, кој живее во Торонто, Онтарио, ја објави понудата од 100 милиони долари на Твитер. Во своето јавно појавување во Остин, Тексас, Роган сега потврди дека нема да се префрла на „Рамбл“. Роган сè уште е обврзан со неговиот ексклузивен повеќегодишен договор со „Спотифај“ вреден над 100 милиони американски долари. Во една неодамнешна епизода, Роган рече дека фамозната видеокомпилација на којашто тој го користи навредливиот расистички збор „ни*ер“ е „политички хит“, изваден од контекст. - Тоа видео отсекогаш било таму. Така што - да, ова е политички хит. И, тие ги зеле сите овие работи за кои некогаш сум рекол дека се погрешни и ги собрале заедно. Добро е затоа што ме тера да се навратам на некои г**нарии што навистина посакувам да ги немаше, изјави Џо. Оттогаш тој се соочува со бурни реакции поради неговата расистичка нечувствителност, а „Спотифај“ повлече 70 досегашни епизоди од неговата емисија од платформата.  си/ссм/

Остани поврзан