• вторник, 03 декември 2024

Роган: Вил Смит направи ужасен преседан

Роган: Вил Смит направи ужасен преседан
Лос Анџелес, 31 март 2022 (МИА) - Џо Роган во својата интернет-емисија го коментираше инцидентот со Вил Смит и Крис Рок за време на доделувањето на Оскарите. Роган смета дека Смит бил „емоционално кревок“ во тој миг и „дејствувал импулсивно“. - Тоа е глупав нагон, нешто што го правите кога знаете дека нема да има никакви последици, рече Роган при гостувањето на Џош Барнет. Тој додаде дека на Оскарите „не одите и не седите во првиот ред како ѕвезда... Тука секако е професионалниот комичар чија работа е да ги исмејува луѓето... Тоа што (Крис Рок) го направи не беше навредливо. Тоа беше блага шега, рече Роган. https://youtu.be/gN15j7RHPvE Водителот укажа дека не е баш мудро облечен во смокинг, на најгледаните награди во светот да му удрите шлаканица на комичар за „мала шега“. А потоа тој седна на своето место, сè уште се тресе и вика: „Не кажувај го името на жена ми!“ Потегот на Смит е преседан на многу начини, истакна Роган. Тој смета оти не може тукутака да удирате човек в лице пред целиот свет, а потоа да продолжите да работите како ништо да не се случило. - Направен е ужасен преседан. Отиде на сцената и удри комичар?!... Не мислам дека луѓето нужно ќе го променат своето однесување, но глупавите луѓе би можеле, заклучи водителот.  си/ми/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан