• четврток, 26 декември 2024

Робот што може да работи и како наставник

Робот што може да работи и како наставник
Врање, 31 август 2021 (МИА) - Милкица Златиќ, наставничка по информатика и компјутерски науки од српското гратче Ивањица, создаде своја автоматизирана технолошка иновација - роботот „Хелга“. Таа работела на уредот шест месеци. Така, „Хелга“ сега работи со вештачка интелигенција и може да учествува на часовите... Поточно - како професор. - Роботот „Хелга“ е проект за којшто сум исклучително горда. Потребни беа многу напор и работа... Дури 13 часа во училиште, повеќе од шест месеци, за да се направи правилно. Се управува со далечински команди, преку вештачка интелигенција и „вештачките сетила на Интерфејсот“, рече Милкица за Рина. Во тој потфат на наставничката ѝ помогнаа и учениците, за кои, како што велат, ова било неверојатно искуство.  си/

Остани поврзан