• четврток, 26 декември 2024

Роблес: Шпанија испрати воени бродови во Медитеранот и Црното Море

Роблес: Шпанија испрати воени бродови во Медитеранот и Црното Море
Мадрид, 21 јануари 2022 (МИА) - Шпанија испрати воени бродови да им се придружат на поморските сили на НАТО во Средоземното Море и Црното Море додека тензиите во регионот се зголемуваат поради трупањето војници на Русија на границата со Украина, изјави министерката за одбрана Маргарита Роблес.Таа додаде дека миноносецот веќе е на пат кон регионот и фрегатата ќе исплови за три или четири дена. Исто така, рече дека Владата во Мадрид размислува да испрати борбени авиони во Бугарија. „Русија не може да и каже на ниту една земја што да прави, така што НАТО ќе го заштити суверенитетот на секоја земја што може или сака да се приклучи на НАТО“, истакна Роблес.

Сепак, додаде дека „Шпанија се залага за исклучително дипломатски одговор за решавање на конфликтот“.

САД и сојузниците на НАТО се загрижени поради распоредувањето на околу 100.000 руски војници на границата со Украина и стравуваат дека Москва планира напад врз земјата. Русија тврди дека тоа се нејзини војници на нејзина територија. Американскиот државен секретар Антони Блинкен денеска ќе отпатува за Женева каде ќе се сретне со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за да се обидат да ја разрешат кризата. паг/  

Остани поврзан