• недела, 24 ноември 2024

Роби Вилијамс и Џими Пејџ во „соседска кавга“

Роби Вилијамс и Џими Пејџ во „соседска кавга“

Лондон, 3 ноември 2022 (МИА) - Британскиот поп-пејач Роби Вилијамс почна со реновирање на својата куќа, коешто, според досегашните случувања, ќе биде „најтивкото реновирање“ на сите времиња.

Пејачот, имено, како што пишуваат тамошните медиуми, сака да избегне да го вознемирува својот сосед - музичарот од „Лед цепелин“, Џими Пејџ. Во својата вила од околу 20 милиони евра, во лондонскиот кварт Кенсингтон, Вилијамс им наложил на работниците да бидат што потивки... Уште повеќе, наводно, тие мораат и да користат рачни алатки од 19. век за да избегнат бучава, пишува „Дејли мејл“. Тој, според наводите, набавил и апарати за мерење бучава во вредност од околу 58 илјади евра. Во мај добил дозвола за реновирање на куќата, но соседот на Вилијамс - Џими Пејџ не се согласил со плановите за пренамена на подрумот... Познатиот гитарист се спротивставил, тврдејќи дека и најмала грешка при реновирањето може да ја уништи неговата куќа. Вилијамс потоа излезе со нов план и вети, меѓу другото, дека бучавата нема да надмине 25 децибели. Инаку, рок-ѕвездите имаат и друг „соседски спор“ - за дрвјата. Имено, Вилијамс сака да отстрани дрвја и гранки на сопствената парцела, за што му треба дозвола од општината. Пејџ е против тоа.  си/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан