• вторник, 24 декември 2024

Робинсон: Не верувам дека Алиоски ќе остане во Лидс

Робинсон: Не верувам дека Алиоски ќе остане во Лидс
Лидс, 26 февруари 2021 (МИА) – Поранешниот долгогодишен голман на Лидс и на англиската фудбалска репрезентација Пол Робинсон истакна во изјава за британските медиуми оти не очекува премиерлигашот од Јоркшир да му понуди продолжување на соработката на македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски по истекот на договорot на крајот од сезоната. Робинсон рече дека позицијата лев бек на која тренерот на Лидс, Марсело Биелса, го форсира Алиоски не е типична за македонскиот репрезентативец. Алиоски „врза“ 16 натпревари во серија во почетниот состав на Лидс како лев бек, но по поразот од Арсенал (4:2), на 14 февруари кога беше заменет на стартот на второто полувреме, и со враќањето во тимот по повредата на Стјуарт Далас, македонскиот репрезентативец го загуби првотимскиот статус. -Мислам дека левата бековска позиција не е типична за Алиоски за што говори и бројот 10 што го носи на дресот. Доколку тимот игра добро, Биелса нема да го менува и тоа ќе биде очигледна порака за Алиоски. Од друга страна, доколку тој не игра редовно и доколку левата бековска позиција остане единствена опција за него во тимот, мислам дека тој ќе си замине на лето кога му истекува договорот, изјави Робинсон за локалниот весник „МОТ Лидс Њуз“.ег/хс/

Остани поврзан