• вторник, 12 ноември 2024

Роберт Ф. Кенеди се извини за рекламата во која тој е претставен како неговиот вујко ЏФК

Роберт Ф. Кенеди се извини за рекламата во која тој е претставен како неговиот вујко ЏФК

Вашингтон, 12 фебруари 2024 (МИА) - Реклама вредна седум милиони долари емитувана синоќа на Супербол, главниот спортски натпревар во Америка, повика на избор на Роберт Ф. Кенеди помладиот за претседател на САД.

Политичките кругови во Вашингтон беа изненадени од оваа реклама, што по неколку часови предизвика извинување од независниот кандидат, кој е внук на Џон Ф. Кенеди, прославениот 35. претседател на САД кој во ноември 1963 година беше убиен во атентат.

Рекламата била платена од Американски вредности, супер Комитет за политичка акција (ПАК) во поддршка на Кенеди, но е копија на ист таков ТВ спот од 1960-те користена од изборната кампањата на неговиот вујко ЏФК. Употребен е истиот џингл и винтажна графика само ликот на тогашниот претседател е заменет со оној на неговиот внук.

РФК го сподели спотот на Х, но подоцна излезе со извинување по реакции на членови од неговото пошироко семејство, поради наводно предизвикана вознемиреност и болка.

-Многу ми е жал ако спотот на Супербол предизвика болка на секој од моето семејство. Рекламата беше создадена и емитувана од супер ПАК Американски вредности без мое учество и одобрување од мојата кампања. Правилата на ЦИК забрануваат ПАК да се консултира со мене или моите вработени, напиша Кенеди.

Роберт Шрум, кој му ги пишуваше говорите на поранешниот демократски сенатор Тед Кенеди изјави дека ТВ спотот бил „плагијат“.

-Боби, ти не си Џон Кенеди, напротив, ти си сојузник на Трамп, напиша тој на Х.

За време на Ковид пандемијата Кенеди беше еден од водечките антиваксери чии погледи се совпаѓаат со конзервативците. Од последна анкета заснована на гласачко ливче од пет хипотетички кандидати тој би добил 14 отсто од гласовите.

Ако успее да ја зголеми популарноста во рејтинзите, демократите, но и републиканците, се плашат дека тој потенцијално би ги нарушил сметките и на двајцата најверојатни кандидати – претседателот Џо Бајден и неговиот соперник, поранешниот претседател Доналд Трамп, кој се соочува со бројни кривични пријави. кб/ссм/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан