• недела, 28 јули 2024

Роберт Дауни Џуниор се збогува со Марвел

Роберт Дауни Џуниор се збогува со Марвел
Лос Анџелес, 4 септември 2020 (МИА) - Роберт Дауни Џуниор во интернет-емисијата „Смартлес“ потврди оти веќе нема да глуми во филмови на серијалот „Марвел“. Претходно имаше гласини оти тој може да се врати во улогата на Железниот човек во наредниот филм „Црната вдовица“ (Black Widow)... Премиерата е закажана за ноември годинава. Па, на директнo прашање од водителот Џејсон Бејтман за тоа - до каде се тие проекти, Роберт Дауни Џуниор (55), одговори: „Сите тие се завршени“. си/сд/  

Остани поврзан