• среда, 25 декември 2024

Роберто Мартинез ќе ја предводи португалската репрезентација, постигнат е вербален договор

Роберто Мартинез ќе ја предводи португалската репрезентација, постигнат е вербален договор

Лисабон, 7 јануари 2022 (МИА) - Роберто Мартинез многу веројатно ќе стане нов селектор на Португалија.

Според „The ​​Athletic“, 49-годишниот фудбалски стручњак би требало да ја предводи португалската репрезентација. Постигнат е вербален договор за ова прашање. Назначувањето на Шпанецот на оваа позиција би требало да се случи до крајот на следната недела.

Мартинез се повлече од белгиската репрезентација откако беше елиминиран од Светското првенство во 2022 година во групната фаза. Со Белгија работеше од август 2016 година.

Фернандо Сантош ја напушти португалската репрезентација по Светското првенство во 2022 година. Со него тимот стигна до 1/4 финалето на турнирот. зс/

Остани поврзан