• среда, 25 декември 2024

РК Металург суспендиран и за македонското првенство

РК Металург суспендиран и за македонското првенство
Скопје, 2 февруари 2022 (МИА) – Поранешниот македонски ракометен шампион Металург нема да го одигра натпреварот со Вардар закажан за вечерва, бидејќи е суспендиран од страна на ЕХФ. Така, клубот од Автокоманда по суспензијата на евро-сцената, доби забрана за настап и во домашното првенство. Европската ракометна федерација ја извести Ракометната федерација на Македонија за суспензијата на „металурзи“. Суспензијата на Металург е изречена поради долгови кон поранешни членови на клубот. Металург преку својот профил на Фејсбук, попладнево соопшти дека натпреварот со Вардар е откажан, а за утре, клубот закажа прес-конференција. зс/

Остани поврзан