• недела, 01 септември 2024

РК Еурофарм Пелистер елиминиран од ЕХФ ракометната лига

РК Еурофарм Пелистер елиминиран од ЕХФ ракометната лига
Магдебург, 30 март 2021 (МИА) - Ракометарите на Еурофарм Пелистер ги завршија натпреварите во европската ракометна лига откако вечерва во Магдебург беа совладани од истоимената екипа со 35:24 (14:9). Битолчани на гостувањето кај бундеслигашот одиграа борбено, подобро отколку во првиот натпревар, но разликата во квалитетот повторно беше потврдена од интернационалците на Магдебург кои рутинирано го минаа осминафиналето од ЕХФ ракометната лига. Најдобри на теренот беа голманите на двете екипи, односно Тулин кој имаше 12 интервенции и Чаневски кој забележа 9 одбрани, а според постигнатите голови вечерва поеднакво се истакнаа Клуге во тимот на Магдебург и Мандалиниќ во тимот на Еурофарм Пелистер затоа што обајцата постигнаа по 7 голови. мт/оџ/

Остани поврзан