• недела, 24 ноември 2024

РК Вардар ги промовира новите дресови

РК Вардар ги промовира новите дресови
Скопје, 19 август 2021 (МИА) – Македонскиот ракометен шампион Вардар во новата сезона ќе настапува со нови дресови, изработени како и досегашните, од компанијата „Хумел“. На денешната прес-конференција, за соработката со компанијата за спортска опрема, говореше претседателот на РК Вардар 1961, Михајло Михајловски. - Договорот со „Хумел“ го продолживме на три години, а компанијата има пракса на секои две години се направат нови модели. Нашата соработка со нив ќе продолжи. Како знак на благодарност за продолжување на договорот добивме покана за настап на „Хумеловиот турнир“ во Магдебург Германија, соопшти Михајловски. Вардар во новата сезона ќе настапува на три фронта, македонското првенство, регионалната СЕХА лига и елитната Лига на шампиони. зс/

Остани поврзан