• недела, 24 ноември 2024

РКИ: Во Германија најголем број „увезени“ случаи со Ковид-19 се од Косово

РКИ: Во Германија најголем број „увезени“ случаи со Ковид-19 се од Косово
Берлин, 13 август 2020 (МИА) - Германскиот Институт за заразни болести Роберт Кох (РКИ) подготви листа на земји во кои се заразиле најголем број Германци. РКИ наведува дека од средината јуни, по првото отворање на границите, забележан е раст на лица кои се заразиле со новиот коронавирус додека престојувале во сранство. Пред „затворањето“ во средината на март, уделот на увезени случаи, според РКИ, изнесувал 46 проценти, а по затворањето на границите се намалил на 0,4 отсто. По отворањето на границите, уделот на „увезени“ случаи повторно се искачи на 31 процент. На прво место на листата од 15 држави се наоѓа Косово, од каде 1.096 лица го „донеле“ вирусот во Германија. На второ место е Турција со 501 случај, а потоа Хрватска со 260. На четврто место е Србија со 196 случаи, Бугарија - 166, БиХ - 156, Романија со 113, Полска - 112, Шпанија - 107, Северна Македонија - 92, Албанија - 86, Холандија - 50, Австрија - 44 и Франција и Украина со по 43 сличаи. Германските власти не знаат зошто е висока бројката на инфицирани повратници од Косово, но претпоставуваат дека тоа е поради тоа што голем број муслимани од Германија отпатувале во земјата на потекло за празникот Бајрам. Од 8 август е во сила задолжителното тестирање на лицата кои се враќаат во Германија од ризичните региони, како и двонеделен карантин. Тестирањето е бесплатно, а може да се изврши на пунктовите за тестирање поставени на границите, аеродромите и на железничките станици. ми/

Остани поврзан