• недела, 17 ноември 2024

РКЕ: Потрошувачите приклучени на Балкан Енерџи Груп да ги подмируваат фактурите

РКЕ: Потрошувачите приклучени на Балкан Енерџи Груп да ги подмируваат фактурите
Скопје, 19 јули 2022 (МИА)- Потрошувачите кои се приклучени на Балкан Енерџи Груп да продолжат редовно да си ги подмируваат месечните фактури за испорачаната топлинска енергија, велат од Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги. Од РКЕ истакнуваат дека постојниот вршител на енергетска дејност којшто побарал престанување или на кого му е одземена лиценцата, согласно Законот за енергетика е должен да ја обезбедува јавната услуга се до избор на нов вршител на енергетската дејност, односно во случајов производство, дистрибуција и снабдување на топлинска енергија. -До изборот на нов вршител на енергетската дејност, БЕГ има должност да ја врши јавната дејност за производство, дистрибуција и снабдување на топлинска енергија, нагласуваат од РКЕ. Оттаму потенцираат дека, согласно Правилата за снабдување со топлинска енергија и Тарифниот систем, потрошувачот е должен редовно да ги плаќа сметките за испорачаната услуга. -Потрошувачот има обврска да го плати износот на доспеаната фактура и неплатените фактури од претходните календарски месеци наведени во фактурата за последниот календарски месец – стои во Правилата за снабдување со топлинска енергија, соопштуваат од РКЕ.ир/цр  

Остани поврзан