• четврток, 26 декември 2024

РКЕ: Оваа година издадени нови лиценци за потребата на електрична енергија

РКЕ: Оваа година издадени нови лиценци за потребата на електрична енергија

Скопје, 12 октомври 2023 (МИА) - Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и управување со комунален отпад (РКЕ) информира дека од јануари 2022 година заклучно со 30 септември 2023 година, издаде лиценци на вкупно 686 централи со вкупна инсталирана моќност од скоро 503 МW, што е доволен капацитет да се обезбедат потребите за електрична енергија на домаќинствата од 18 градови од државата.

-Новите централи од обновливи извори што се изградени за 21 месец може да снабдуваат над 160 илјади домаќинства со просечна потрошувачка од 18 градови и тоа Охрид, Тетово, Кратово, Крушево, Крива Паланка, Св. Николе, Ресен, Дојран, Дебар, Виница, Струга, Неготино, Гевгелија, Велес, Гостивар, Кавадарци, Делчево и Македонска Каменица. Сонцето конечно е ‘рбетот на новата македонска енергетска независност, која до сега се потпираше на јагленот. Овие бројки и нови мегавати се потврда дека енергетската транзиција е реалност. Дополнително, во широката слика за да се балансира системот значајно ќе придонесе и изградбата на долго очекуваниот капацитет ХЕЦ Чебрен – што ќе претставува своевидна батерија, изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Во 2022 година РКЕ има издадено лиценци на 267 централи со инсталирана моќност од 152,2MW, додека од почетокот на годината 2023 до крајот на септември 419 ФЕЦ се имаат стекнато со лиценци со моќност од 350 MW. љм/нд/

Фото: РКЕ

Остани поврзан