• вторник, 24 декември 2024

РКЕ: Обврзани сме да ја усогласиме одлуката со законските измени изгласани во Собранието

РКЕ: Обврзани сме да ја усогласиме одлуката со законските измени изгласани во Собранието
Скопје, 7 април 2021  Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги ја информира ВМРО-ДПМНЕ дека изврши усогласување на Одлуката од 5.04.2021 година (со која се утврдени највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт ) со измените на Законот за акцизите што го донесе Собранието на Република Северна Македонија, во чиј состав се и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ. Реториката на навреди која ја практикува ВМРО-ДПМНЕ кон РКЕ е одраз на недостаток на аргументи, политичка тежина и знаење. РКЕ не носи закони, само ги спроведува соодветните законски решенија. Реакција на РКЕ во однос на обвинувањата на ВМРО ДПМНЕ __________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Тагови

Остани поврзан