• недела, 24 ноември 2024

Ријана сака неколку деца, па макар и сама да ги израсне

Ријана сака неколку деца, па макар и сама да ги израсне

Лос Анџелес, 31 март 2020 (МИА) - Поп-пејачката Ријана се најде на насловницата на мајскиот број на британското списание „Вог“, што значи дека внатре е поместено и интервју со неа, каде што таа говори за своите планови и за иднината.

Популарната Ри-Ри е снимена во бел костум и црна марама на главата, која ја симболизира културата на Афроамериканците. Пејачката е прва што воопшто во ваков стил се сликала за списанието. Автор на сликата е Стивен Клајн.

- Знам дека сакам да живеам поинаку. И основната разлика на тој нов живот ќе бидат децата. За 10 години ќе имам три или четири деца, вели Ријана.

Во интервјуто Ријана раскажува и за стереотипите в општеството, со кои таа се судира.

- Гледам како општеството ги осудува жените, велејќи им „Ти сѐ погрешно правиш“... Тоа ве омаловажува како мајка, ако вашите деца немаат татко, на пр. Но единственото нешто кое е вистински важно е - среќата. Тоа се здравите односи меѓу родителите и децата. Единственото што може вистински да ги воспита децата е љубовта. Ако не го сретнам вистинскиот маж, ќе ги одгледам сама, истакнува таа. Натаму, околу нејзиниот следен албум, Ријана не може да појасни кога тој ќе излезе, но вели дека активно работи на тоа. - Не сакам моите албуми да бидат исти. Без никакви правила и формати... Просто - добра музика, и ако ја чувствувам, веднаш ја преточувам во дела, објаснува уметничката. си/сд/

Остани поврзан