• сабота, 23 ноември 2024

Ријад вети повеќе од милијарда долари за борба против климатските промени

Ријад вети повеќе од милијарда долари за борба против климатските промени
Ријад, 25 октомври 2021 (МИА) -  Саудиска Арабија, земја која е најголем извозник на нафта во светот, денеска соопшти дека сака да инвестира повеќе од милијарда долари во еколошки иницијативи, неколку дена пред почетокот на климатската конференција на ОН COP26, што ќе се одржи во Шкотска. - Денеска отвораме зелена зона за регионот. Убедени сме дека тие промени не се во прилог само на животната средина, туку и на економијата и безбедноста, изјави саудискиот престолонаследник ЗЗМохамед бен Салман. Тој во саботата рече дека неговата земја има цел да постигне јаглеродна неутралност до 2060 година. ссм/

Остани поврзан