• недела, 24 ноември 2024

Ричард Бренсон гради најлуксузен хотел на Мајорка

Ричард Бренсон гради најлуксузен хотел на Мајорка
Палма де Мајорка, 16 ноември 2021 (МИА) - Британскиот милијардер, бизнисмен и обожавател на Мајорка, Ричард Бренсон почна да гради раскошен хотел на овој шпански остров, инаку популарен меѓу туристите „со подлабок џеб“. Откако сопственикот на „Вирџин галактик“ 10 години имаше проблеми со властите на Мајорка, сега конечно изградбата на хотелот е во тек. На местото на вилата „Сон Буњола“ во западниот дел на островот ќе никне нов луксузен хотел со 29 соби. Бренсон од детството го посетува островот Мајорка и пред неколку години изјави дека сака таму да го изгради „најдобриот хотел на светот“... Подоцна го смени описот во „најлуксузниот хотел на Средоземјето“. Бренсон го купи имотот од 300 хектари во 1994 година, но го продаде во 2002 година бидејќи владата одби да му издаде градежни дозволи. Но, богатиот претприемач не се откажа, туку повторно го купи имотот во 2015 година за 15 милиони евра. Последната дозвола потребна за градба Владата ја одобри дури на почетокот на летово. Притоа, Бренсон мора да се придржува до строгите правила и не смее да го прошири хотелот надвор од дозволените димензии, а изградбата „мора да мирува во сезоната на парење на птиците“, меѓу февруари и јуни.  си/

Остани поврзан