• среда, 18 декември 2024

Ристовски: На Интегра основен столб и е враќање на македонското национално единствo

Ристовски: На Интегра основен столб и е враќање на македонското национално единствo
Велес, 10 јули 2020 (МИА) - Лидерот на Интегра, Љупчо Ристовски вечерва се обрати на платото пред Народниот театар во Велес и посочи дека на таа партија основен столб и е враќање на македонското национално единство и востоличување на македонскиот национален стратегиски интерес во татковината и насекаде во светот. Тој информира дека за пет месеци посетил четири континенти, бил и во Американскиот конгрес и во Федералниот парламент на Сиднеј, како и во многу европски метрополи меѓу кои и Лондон, каде бил во седиштето на Конзервативната партија, а имал и говор во Британскиот парламент. Посочи дека насекаде ја раскажал приказната дека во Македонија и во регионот на Источна Европа може да има мир, прогрес и просперитет само во услови на отворен македонски национален интерес во сета полнота во својата татковина. По обраќањето на Ристовски се претставија кандидатите за пратеници од третата изборна единица. ад/рп/

Остани поврзан