• четврток, 26 декември 2024

Ристовски: Дали ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ прифатија укинување на 20 посто употреба на албанскиот јазик и воведување двојазичност 

Ристовски: Дали ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ прифатија укинување на 20 посто употреба на албанскиот јазик и воведување двојазичност 

Скопје, 30 април 2024


 
Почитувани,

„Денеска сме во Куманово да испратиме уште една порака не само до Кумановчани но и до македонската јавност. Пред да го дадете својот глас и да ја положите својата доверба на 8 мај во среда сакам длабоко да размислите кому ќе ја дадете таа доверба.  Барајте јасни, чисти, експлицитни ставови од сите политички субјекти за кои веќе вие сте размислувале дека треба да им го дадете својот глас и да ја положите својата доверба. Барајте јасен и експлицитен став што ќе се случи со Уставот на Македонија, барајте јасен и експлицитен став и од ВМРО-ДПМНЕ и од партијата ЗНАМ и од тие коалициски партнери кои веќе најавуваат дека ќе бидат партнери во власта и отворено говорат дека веќе е потпишан договор дека во рок од шест месеци  ќе се промени македонскиот Устав согласно барањата на албанскиот екстремизам. Дали ВМРО-ДПМНЕ го прифаќа тој нивен став, дали ЗНАМ го прифаќа тој нивни став дека 20% јазикот треба да исчезне од Уставот, јазикот кој што го говорат малцинските етнички заедници, дали тие се согласни со тој став и дали веќе го имаат прифатено тој став, ако не треба јасно, јавно и експлицитно да одбијат на јавна сцена. Исто така треба да каже дали навистина е потпишан договор со албанскиот екстремизам од албанската опозиција дека  Уставот мора да се смени во рок од шест месеци и тие јавно најавуваат дека веќе се имаат договорено и дури дека тие се гарантот дека Уставот ќе биде сменет во рок од шест месеци. Дали со ова се потврдуваат сите сомневања дека ВМРО-ДПМНЕ веќе има потпишано и се има согласено за промена на Уставот. Дали ВМРО-ДПМНЕ и партијата ЗНАМ се имаат согласено за укинување на одредбата од 20% од јазикот, дали тие добро знаат што тоа значи“, рече претседателот на ИНТЕГРА и носител на листата во ИЕ 2 на Коалицијата Храбро за Македонија од Куманово, Љупчо Ристовски.

Како професор на политички науки 20% јазик кој што го говори малцинска етничка заедница го нема во уставната одредба тоа значи дека веќе имате двојазична Македонија. Тоа значи дека веќе е згаснат унитарниот карактер на Македонија, дали членството кое гласаше и за ВМРО-ДПМНЕ и за ЗНАМ се свесни за овој факт и за овој момент? Оттука, пораката е дека мора секој од вас да размисли длабоко кому ќе ја даде довербата во среда на 8 мај. Ние како ИНТЕГРА македонска конзервативна партија како дел од Коалицијата Храбро за Македонија на ГРОМ, ИНТЕГРА и ПЦЕР имаме јасен, јавен и експлицитен став дека не смее да има ниту педа поместување од оската   на којашто стои Уставот на Република Македонија, а тоа е државотворноста на македонскиот народ, унитарниот карактер на македонската држава и македонскиот народ да ја дефинира својата држава како круна на вековна борба за национална слобода и за своја држава. Оттука нашиот став е јасен дека не смее да има промена на Уставот по ниту едни уцени, закани и притисоци и потреба да се дојде на власт по секоја цена. Потребно е сите притисоци од екстремизмите од албанската опозиција да се стават на страна и да се пружи силен  отпор во дадениов момент. Но гласачкото тело треба да се запраша дали тоа навистина  така и ќе биде?

Ние како Коалиција Храбро за Македонија кажуваме дека целиот македонски идентитетски корпус по сите црвени линии на македонскиот национален интерес во татковината Македонија мора да бидат затворени еднаш засекогаш и тоа да биде оската на којашто ќе се движат преговорите со Европската Унија. Нашата историја е  наш национален интерес и ние ја пишуваме. Македонскиот јазик е наш јазик којшто го говорат овде Македонците овде со векови наназад. И тука нема померување ниту милиметар. Илинденскиот период е една светла фаза од таа круна на вековната борба на македонскиот народ нашите Илинденци се исто така светлата точка и тие се нашиот крвен запис денес. Оттука на 8 мај ве повикуваме заокружете број 3, гласајте за Коалицијата Храбро за Македонија за ГРОМ ИНТЕГРА И ПЦЕР и нема да зажалите. Ние ќе бидеме вашиот бастион, одбрана, вашата совест во парламентот и нема да отстапиме ниту милиметар од промена на Уставот во тој сегмент, рече Ристовски.

Коалиција „Храбро за Македонија“

Фото: МИА архива

видео: Коалиција „Храбро за Македонија“

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан