Ристески: Македонски Брод станува препознатлива општина, со чесно и неуморно работење
- СООПШТЕНИЕ
Скопје, 30 декември 2024
Почитувани мои сограѓани, поминаа три години откако го презедовме менаџирањето со Општина Македонски Брод. Во изминатиов период заедно со вас минавме низ многу предизвици,проблеми но и понудивме многу решенија.
Единстевниот пат до успехот е патот кој се темели на вложен труд со неуморно, чесно и посветено работење. Дадениот збор пред вас граѓаните е веќе наша нова реалност во која живееме.
Токму затоа вие граѓаните сте нашата сила и енергија која не води кон нови успеси.
Во овие три години резлизиравме многу проекти во делот на инфраструктурата, водоводни системи, канализациони мрежи, пешачки патеки, тротоари ,детски игралишта итн.
Но тука не застанавме, инвестиравме во образованието, во енергетската ефикасност но не ги заборавивме и младите.
Македонски Брод е општина која преку низа проекти вложи во зачувување на животната средина и полека но сигурно станува атрактивна дестинација за развој на рурален, спелеолошки, адреналински и хербален туризам.
Заедно со вас после три години Македонски Брод е поубаво, попристојно и достинствено место за живеење на сите граѓани. Нашата општина стана препознатлива и видлива не само во Македонија туку и надвор од неа, а тоа го постигнавме заедно со вас со чесно и неуморно работење така и ќе продолжиме.
Ќе споменеме само дел од реализираните проекти во изминативе три години.
Ги реализиравме следниве инфраструктурни проекти:
- Изградба на водоснабдителен систем во : населено место Требино, во населено Здуње и Рeзервоар во викенд населбата Близанско
- Реконструкција на водоводна мрежа во с. Девич
- Изградба на фекална канализација во с. Брест
- Изградба на атмосферски канал : Каналот Песјак во Македонски Брод и Каналот Лоштица во Македонски Брод
- Санација на атмосферскиот канал во населба Кале – Македонски Брод
- Санација на цевковод од водоводен систем под мостот на река Треска во Македонски Брод
- Поставување на плато со довод на вода и фонтана во излетничко место
- Пешна - Македонски Брод
Во делот на развојните инфраструктурни проекти во општината ги реализиравме следниве проекти:
- Изградба на улици во населените места: с. Суводол, с. Грешница и с. Црешнево.
- Реконструкција на дел од улиците: Мирче Ацев, Поречка, Јане Сандански, Кирил и Методиј, 11-ти Октомври, Васко Карангелески, Илинденска и Дим итар Влахов во Македонски Брод
- Тампонирање на дел од локален пат: од Самоков до с. Бенче и од с. Локвица до с. Вир
- Изградба и уредување во централно градско подрачје на ул. Маршал Тито со тротоари и жардинерија
- Изградба на потпорен ѕид и тротоари на ул. Партизанска во Македонски Брод
- Изградба на патека и партерно уредување на локалитетот Кале во Македонски Брод
- Поставување на урбана опрема – Автобуски постојки на ул Маршал Тито и на ул Партизанска во Македонски Брод
- Изградба на парк покрај реката Треска со Платформа за детски реквизити и пристапна патека
- Реконструкција на бината на големата сала во Домот на Културата во Македонски Брод
Во делот на енергетската ефикасност во општината работевме на следниве проекти:
- Извршена е реконструкција на кровот во ООУ “Св. Климент Охридски” – Македонски Брод
- Поставено е енергетско ефикасни светилки по кејот на реката Треска
- Реконструкција на општинските простории со енергетска ефикасност
- Поставување на Фотоволтаични централи на Општинската згртада, на Детската градинка и на Основното училиште
- Обновување на системот за затоплување во Основното Училиште во Македонски Брод и поставување на нови парни котли
- Адаптација на малата сала во Домот на Културата во Македонски Брод.
Во делот на образованието, младите и спортот во општината работевме на следниве проекти:
- Обезбеден е училишен прибор за секое прваче секоја наредна година
- и опремена е сензорна соба во Основното Училиште во Македонски Брод
- Доделуваме еднократен паричен надомест за секој ученик запишан во Средното Општинско Училиште “Св. Наум Охридски“ во Македонски Брод
- Изградба на Кошаркарско игралиште во Основното Училиште
- Изградба на Мултифункционално игралиште во Средното училиште
- Обезбеден слободен WIFI интеренет во централно градско подрачје
- Реконструкција на училници во Основното училиште и набавка на училишен инвентар
- Изградба на Инклузивно игралиште во централното градско подрачје
- Формиран е Младинскиот Совет во Општина Македонски Брод
- Формиран е Младинскиот Центар во Општина Македонски Брод
- Континуирана поддршка во делот на спортските манифестации Ноќен турнир во М.Брод и Самоков
- Одбележување на Детската Недела
- Рехабилитација на детското игралиште на ул.Партизанска
- Поставување на урбана опрема (реквизити) во населено место село Требино
- Поддршка во организирање на турнир во Одбојка во Македонски Брод
Во делот на меѓународната соработка остваривме низа средби:
- Остварени се средби со Амбасадорите на: Република Полска, Амбасадорот на Народна Република Кина, Амбасадорот на Јапонија, Амбасадорот на Босна и Хрцеговина и Амбасадорот на ЕУ
- Остварени Меѓуопштински соработки со Општини од: Република Словенија, Грција и Република Србија
Културно промотивни манифестации во нашата општина:
- Организација на манифестацијата во адреналински спорт Самоков екстрим во Самоков
- Контунуирана поддршка на манифестацијата Велигденски кули, Поречки фармер, Фестивал на костенот, Потписи на срцето, Поречки средби, Прва поречка поетска манифестација.
- Поддршка и соработка со Културно Уметнички Друштва во Република Македонија со учество НА СОФАМ
Соработка со разни здруженија и фондации:
- Потпишан меморандум за соработка со Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот
- Потпишан меморандум за соработка со Мрежата за рурален развој во Република Македонија
- Интензивирана соработка со месни и урбани заедници и невладини организации каде што се потпиша меморандум за соработка со граѓански здруженија како што се: Центар за граѓанска иницијатива од Прилеп, Рурална коалиција од Кичево
- Меморандум за соработка со институт КОНФУЦИЈ при Универзитетот Св. ‘’Кирил и Методиј ‘’– Скопје
- Меморандум за соработка со здружението ЛОКАЛ АКТ
- Општина Македонски Брод во 2024 година е носител на Советот за развој на југозападниот плански регион
Во однос на проектите од областа на заштита на животната средина:
- Уредена е локалната депонија во место викано Барбарас
- Чистење на дивата депонија место викано Алкалоид кое прерасна во зелен парк
- Реализиран проектот Генералка викенд
- Набавена машина за компресирање и балирање на пластичен отпад за потребите на ЈКП
- Набавка за Камион за собирање на смет
- Набавка на Противпожарно возило
- Поддршка на младинскиот ЕКО-КАМП
- Набавка на различни видови на контењери за селектирање на отпад
- Поддршка во Акцијата за општествена одговорност кон животната средина со засаување на дрвца во опожарените места во Македонски Брод
Почитувани мои сограѓани, продолжуваме повторно заедно.
Жарко Ристески, градоначалник на општина Македонски Брод
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
фото ВМРО-ДПМНЕ