• среда, 18 декември 2024

Ристески: Истата стратегија од М-НАВ се пресликува во ФЗОМ

Ристески: Истата стратегија од М-НАВ се пресликува во ФЗОМ

5 февруари 2024 

Почитувани,

СДС и ДУИ го уништија здравството. Наместо да ги стимулираат работниците во здравството со повисоки плати, тие кратат на плати.

Вработените во ФЗОМ се жртва на лошите политики на СДС и ДУИ.

Недозволиво и поигрување со над 800 вработени во ФЗОМ е да им се намалуваат платите за 21%, а во исто време да се распишува оглас за 61 нови вработувања на стотина дена пред избори.

Несомнено се наметнува фактот дека власта ги намалува платите на постоечките вработени во ФЗОМ, за да може да прими 61 партиски војник пред избори.

Истата стратегија од М-НАВ се пресликува во ФЗОМ, една институција која служела за пример и квалитетна работа се партизира и полни со партиски кадри.

СДС и ДУИ на институциите гледаат само како на место за вдомување на партиските активисти, и заради тоа Македонија добива катастрофални извештаи од ЕК.

Во ЕУ не се оди со политики на партизација, намалување на плати, за да се примат нови партиски војници во институциите кои треба да бидат сервис на граѓаните. Со СДС и ДУИ секој ден сме се подалеку од ЕУ. СДС и ДУИ ја уништија државата.

ВМРО-ДПМНЕ бара да запре лудилото на СДС и ДУИ и да не се намалуваат платите на вработените во ФЗОМ.

Прес-конференција на Петар Ристески, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Фото: ВМРО-ДПМНЕ 

Остани поврзан