• сабота, 23 ноември 2024

Ристески: Гасификацијата на земјава е еден од главните и приоритетни проекти на Владата

Ристески: Гасификацијата на земјава е еден од главните и приоритетни проекти на Владата

Велес, 24 октомври 2024 (МИА) - Со гасификацијата на земјава не само што ќе овозможиме подобра економија и нејзин развој, намалување во единицата производ на економските субјекти во земјава и поголема конкуретност, а воедно со неа ќе овозможиме порелативизирана состојба на граѓаните во однос на затоплувањето на домовите во зимскиот период, рече заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески одговарајќи на новинарско прашање при денешната посета на Општина Велес.

Тој потенцира дека приоритет на Владата е да се продолжи со проектите кои претходно беа заглавени.

-Гледаме дека сите оние институции кои се занимаваат со оваа проблематика полека ги одглавуваат проектите. Со тоа како истите ќе се одглават, ќе се предвидат средства во наредниот буџет за 2025 година така и гасоводот ќе продолжи со реализација, најави заменик министерот Ристески. ад/дма/

 Фото: МИА архива

Остани поврзан