Ринкевичс : Навални беше „брутално убиен“ од Кремљ
- Претседателот на Летонија Едгарс Ринкевичс денеска на мрежата Х напиша дека рускиот опозициски лидер Алексеј Навални бил „брутално убиен од Кремљ“.
Рига, 16 февруари 2024 (МИА) - Претседателот на Летонија Едгарс Ринкевичс денеска на мрежата Х напиша дека рускиот опозициски лидер Алексеј Навални бил „брутално убиен од Кремљ“.
„Што и да мислите за Алексеј Навални како политичар, тој беше брутално убиен од Кремљ. Ова е факт и е нешто што треба да се знае за природата на сегашниот режим во Русија. Моето сочувство до неговото семејство и пријателите“, додаде Ринкевичс. паг/
Фото: ЕПА