• вторник, 24 декември 2024

Рим под блокада поради пропалестински марш

Рим под блокада поради пропалестински марш

Рим, 5 октомври 2024 (МИА) - Рим денеска е под посебни мерки за безбедност поради пропалестински марш кој формално е забранет, а полицијата е распоредена на главните контролни пунктови низ градот заради засилена контрола.

Меѓу преземените мерки се и контроли на железничките станици и наплатните рампи на автопатиштата, додека специјален безбедносен систем со концентрични кругови е поставен во подрачјето околу плоштадите Пјацале Остиенсе и Порта Сан Паоло, каде што е закажан протестниот собир, пренесува агенцијата АНСА.

И покрај забраната, се очекува околу 30.000 учесници да се соберат на протестот.

Во меѓувреме, полицијата во Торино денеска ги забрани пропалестинските демонстрации закажани за 7 октомври, по повод годишнината од нападот на палестинското движење Хамас врз Израел, со образложение дека датумот на собирот мора да се промени и дека учесниците не смеат да се движат, туку да останат на едно место. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан