• среда, 25 декември 2024

Рикардо за успехот на Верстапен: Ако не победам јас, тогаш нека биде Макс

Рикардо за успехот на Верстапен: Ако не победам јас, тогаш нека биде Макс
Лондон, 19 септември 2022 (МИА) – Пилотот на Мекларен, Даниел Рикирдо го сподели своето мислење за доминацијата сезонава на поранешниот партнер од Ред Бул, Макс Верстапен. - Тој ја покажа својата брзина уште во 2016 година, ако не и порано. Но, во 2018 година, во првите четири или пет трки, тој направи доста грешки. Потоа брзо најде начин да се поправи и многу созреа. Според мене, во 2018 година тој направи голем скок од млад дечко до изградена личност. Гледајќи го сето она што го постигна, си велам: „Ако не јас, нека биде тој“. , изјави Рикардо за „Рејсинг њуз 365“. Макс Верстапен може да ја освои шампионската титула веќе на следната трка од Формула 1 шампионатот за Големата награда на Сингапур. Верстапен е на првото место во поредокот кај возачите со 335 бодови. На второто место е возачот на Ферари, Шарл Леклер 219 поени. Остануваат уште шест трки до крајот на сезоната 2022 година. Големата награда на Сингапур ќе се вози од 30 септември до 2 октомври. зс/

Остани поврзан