• четврток, 26 декември 2024

Рикардо: Додека не ја освојам титулата, луѓето може да ме критикуваат за моето заминување од Ред Бул

Рикардо: Додека не ја освојам титулата, луѓето може да ме критикуваат за моето заминување од Ред Бул
Лондон, 6 април 2022 (МИА) - Возачот на Мекларен, Даниел Рикардо му одговори на Кристијан Хорнер, кој неодамна ја коментираше одлуката на Австралиецот да го замени Ред Бул со Рено на крајот од сезоната 2018. - Се разбира, би сакал да ја освојам титулата со Мекларен и да им кажам на сите:  „Па, гледате, бев во право. Или нешто слично. Но, признавам дека додека не се случи ова, луѓето може да имаат одредени мислења. И тоа е во ред. Не ми пречи. Знаев што може да ме чека при заминувањето од голем тим, но јасно е дека во тој момент мислев дека ја носам вистинската одлука. И кога ќе донесете одлука, треба да се држите до неа. Напуштањето на Ред Бул не е нешто на што би се вратил со жалење. Сега тимот на Ред Бул се врати на врвот на формата и повторно се бори за титулите, знаев дека порано или подоцна тоа ќе се случи. Но, всушност, има многу други работи во тимот и сè не е ограничено на ситуацијата како „имаат брз болид, требаше да останеш“, изјави Рикиардо. Во исто време, Рено (сега Алпин), а потоа и Мекларен со Рикардо во составот, сè уште немаат постигнато значаен успех. зс/

Остани поврзан